fbpx

Добрoдојдовте во Preschool ABA

Препознавање на значајноста на улогата која ја имаат воспитувачите од предучилишна возраст во развојот и благосостојбата на малите деца, вклучително и децата со аутизам

woman-helping-boy-with-down-syndrome-draw (1)

За проектот

Овој проект ja препознава значајноста на улогата на воспитувачите од предучилишнoто образование во обликувањето на развојот и благосостојбата на малите деца, особено оние со аутизам. Целта е да се создаде пакет за тренинг, заснован нa применетата анализа на однесувањето (ABA), за да се зголемат компетенциите на воспитувачите во областа на рана интервенција. ABA е докажан пристап за поддршка на децата со аутизам, и претставува основен дел од овој пакет, кој вклучува програма и пpиpачник за практична обука, покривајќи теоретски познавања, практични примени и студии на случаеви од реалниот живот.

Истакнувајќи ја важноста на ABA пристапот -базиран на докази, целта на проектот е да им понуди на воспитувачите стекнување на основни знаења и вештини за создавање позитивни средини за учење за децата со аутизам. Оваа иницијатива го премостува јазот помеѓу сегашните практики и најдобрите практики, нудејќи им на наставниците од предучилишните установи најнови истражувања и стратегии, засновани на докази за cправување со однесувањето и промовирање на прифатеност и различност во предучилишното образование.

Вложувањето во оваа програма за обука на наставници ветува значителни придобивки, особено создавање инклузивни, прифатливи средини за учење, кои водат до подобри образовни резултати и намалени разлики помеѓу сите деца. Овој проект е неопходен во предучилишното образование и има потенцијал позитивно да влијае на животот на учениците со аутизам од предучилишна возраст.

Приоритети на проектот

  1. Да се ​​подобри квалитетот на предучилишните образовни системи преку ефективни стратегии за обука и интервенција на наставниците.
  2. Да се промовира инклузија и различност во образовните средини, вклулчувајќи деца од различно потекло и со различни способности.
  3. Да се ​​намали дискриминацијата поврзанa со аутизмот преку подигнување на свеста во заедницата.
  4. Да се ​​поддржи професионалниот развој и благосостојбата на наставниците, што води кон одржливa и исполнетa кариерa во предучилишното oбразование.

 

 

Цели на проектот

  1. Да се ​​обучат наставници од предучилишна возраст за интервенции со деца со аутизам засновани на докази.
  2. Подигнување на свеста за аутизмот кај воспитувачите и пошироката заедница.
  3. Развивање и испорачување на сеопфатна програма за обука за рани интервенции и справување со однесувањето на децата со аутизам.
  4. Намалување на стресот и исцрпеноста кај наставниците од предучилишна возраст, со тоа што ќе се стекнат со ефективни стратегии и знаења.
teacher-toddler-playing-with-maths-puzzle-game-sitting-table-kindergarten (1)

Резулитати од Preschool ABA проектот

1

Обука и образовен материјал

АBА обука и едукативен пакет заснован на докази за наставници од предучилишна возраст, кој се состои од прирачник за наставник, како и водич за обучувачи што ја прикажува содржината и структурата на програмите за обука.

2

Интерактивни модули за учење

Дигитални наративи и нелинеарно интерактивно раскажување приказни, за создавање на суштински мотивирачки искуства, за учење за целната публика на проектот.

3

Активности за обука на обучувачот и локалната обука за наставници

Обука на група обучувачи кои можат да ја одржат обуката за АBА на наставниците од предучилишно образование во секоја земја партнер и стартување на обуката во секоја земја партнер, за да се оцени нејзината ефикасност и да се направат потребните прилагодувања.

Новости за проектот

Our 3rd Newsletter is Out!

Download newsletter in other languages Newsletter in SlovakDownload
Read More

Our 2nd Newsletter is here!

Download the newsletter in other languages 2nd PABA Newsletter in SlovakDownload
Read More

Preschool-ABA: An Erasmus+ Project to Improve Preschool Education

Preschool-ABA: An Erasmus+ Project to Improve Preschool Education Welcome to the Preschool-ABA website! We are thrilled to embark on a transformative journey aimed at enhancing the skills of teachers in delivering Applied Behaviour Analysis (ABA)-based interventions to improve learning experiences among preschool children. Our focus is primarily on children with autism, but the principles of...
Read More

Сакате да стапите во контакт?

Сакате да дознаете повеќе?Иматe повратни информации?Пишете ни!

Следете не на социјалните мрежи

Partners

Кофинансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив. [Project number: 2023-1-IE01-KA220-SCH-000152387]

mk_MKMacedonian